Грција: Денеска 21 случај на коронавирус

220

Бројот на потврдени случаи на новиот коронавирус во Грција се искачи на 66, откако вечерва беше потврден 21 нов случај, јави дописничката на МИА од Атина.

Од 66 лица заразени со новиот коронавирус, 51 случај е поврзан со групата што била на аџилак во Израел и Египет односно 47 членови на групата и четири нивни контакти.

Според Министерството за здравство на Грција, 22 лица се хоспитализирани во болници во Солун, Атина и Патра, еден заразен со Ковид-19 и понатаму е со сериозна пневмонија згрижен во одделот за интензивна нега во Патра, а 43 се во домашна изолација.

Паралелно, продолжува процесот на проверка на контактите на новите случаи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...