Француската Влада денеска повика на смирување на ситуацијата после судирите на полицијата со демонстранти во Нант кои протестираа поради смртта на момче кое го убило полицаец кога со возило се обидело да избегне контролен пункт.
Момчето, кое имало дваесетина години, удрило полицаец кога тргнало наназад кај еден контролен пункт, и тогаш во него пукал друг полицаец.
Демонстрантите синоќа палеле автомобили, кршеле продавници, фрлале „молотови коктели“ врз полицијата, а запалиле и неколку згради во Нант, град во западна Франција.
Немирите се смириле во раните утрински часови откако полицијата добила зајакнување.
Полициски извори наведоа дека е покрената истрага во врска со постапката на полицаецот кој пукал во момчето.
ФОТО: Видео
Francia: Imágenes de los disturbios esta tarde en el distrito de #Breil-Maville en #Nantes. La Policía ha asesinado a un joven en control de identidad. pic.twitter.com/O03jHXDEtr
— Revolución Real Ya (@RRYrevolucion) July 3, 2018