Меѓу демонстрантите кои синоќа упаднаа во РТС имало и таков кој влегол во просториите на националниот сервис со моторна пила.
Тој човек, рече претседателот Александар Вучиќ на денешната конференција за новинарите, е идентификуван.
Протестите против власта продолжија и денеска.
Демонстрантите денеска се собраа пред Претседателството на Србија, ја пробија заштитната ограда и дојдоа пред службениот влез на зградата.
Веднаш пристигнаа и околу 15-на припадници на Жандармеријата, кои не им дозволија да се приближат.
Photo: EPA / ANDREJ CUKIC