Организаторите на протестите во Хонг Конг денеска ја одбија идејата на градската премиерка Кери Лам за создавање платформа за дијалог, оценувајќи дека станува збор за замка која има за цел одолговлекувањ ена состојбата и губење време.
Членовите на Граѓанскиот фронт за човекови права се огласија откако Лем најави дека под итно ќе формира платформа за дијалог со граѓаните за да се надминат разликите и да завршат протестите.
Вонг Јик-Мо од Граѓанскиот фронт за човекови права изјави дка Лем воопшто не одговара на барањата на протестното движење, кои вклучуваат „вистинска демократија“ и независна истрага за бруталната употреба на сила од полицијата, пренесуваат американските медиуми.
– Не и веруваме на Кери Лем, не им веруваме на нејзините лаги – рече тој.
Џими Шам, друг член на форумот, порача дека доколку Лем сака дијалог, требало да дојде на нивните протести.
Граѓанскиот фронт за човекови права досега организираше неколку протести против владата, кои изминатите месеци повлекоа многу луѓе на улиците на Хонг Конг , додека многу други групи, кои се приклучија на ова движење без лидери, организираа свои протестни настани.
ФОТО: EPA / ROMAN PILIPEY