Демократите се мета – Ист човек ги испратил бомбите до Обама, Клинтон, Сорос и Си-Ен-Ен

383
ФОТО: EPA / ERIK S. LESSER

Шефот на одделот за антитероризам во Њујорк, Џон Милер, изјави дека постои основано сомневање дека исто лице испратило експлозивни пакети на Си-Ен-Ен, Џорџ Сорос, Клинтон и Барак Обама.

Милер одржа прес-конференција, заедно со претставници на ФБИ, на која соопшти дека сите откриени експлозивни направи всушност биле грубо направени цевчести бомби.

Милер додаде дека досега никој не е уапсен, ниту пак направите некого повредиле.

Гувернерот на Њујорк Ендру Куомо рече дека нема да биде изненаден ако бидат пронајдени уште сомнителни пакети, бидејќи еден таков бил испратен и во неговата канцеларија во Њујорк.

Претходно, преку социјалните мрежи њујоршката полиција ги предупреди новинарите да не отвораат никакви сомнителни пакети кои ги добиваат по пошта. Според сомнежите, на мета се новинари кои важат за блиски до Демократската партија, како и членови и функционери од редовите на демократите.

Повеќе детали и видео на оваа тема можете да прочитате и погледнете ТУКА.

ФОТО: EPA / ERIK S. LESSER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...