Демократите се во можност да ги поправат односите помеѓу САД и ЕУ

72

На изборите за Конгресот и за Претсатвничкиот дом во САД, демократите и републиканците остварија различни резултати.

Демократите го освоија Претставничкиот дом, а републиканците го задржаа мнозинството во Конгресот. Таквата промена на силите САД ќе влијае и врз односот на САД со земјите членки на Европска унија.

Порталот „Политико“ наведува дека демократите сега ќе работат на пренасочување на дејствувањето на администрацијата во правец на исполнување на обврските од Парискиот договор за климата, при што сметаат на поддршка од европските партнери, имајќи го предвид ставот на претседателот Доналд Трамп за оваа прашање.

– Јасно е дека претседателот на САД, Доналд Трамп со одредени чекори ги наруши добрите односи со некои од највлијателните земји членки на ЕУ, како и тоа дека демократите преку мнозинството во Претставничкиот дом ќе се обидат односите со Европа да ги вратат на нивото од мандатот на поранешниот претседател Барак Обама – истакнува „Политико“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...