Деми Мур распали по Брус Вилис: Нашиот брак како „Шесто сетило” – цело време мртов

Актерката Деми Мур неочекувано се појави на комичната вечер посветена на исмевање на нејзиниот поранешен сопруг Брус Вилис.

750

Актерката Деми Мур неочекувано се појави на комичната вечер посветена на исмевање на нејзиниот поранешен сопруг Брус Вилис. Мур се забавуваше шегувајќи се на сметка на Вилис, неговата филмска кариера и секако, нивниот брак.

Говорејќи за бракот со Вилис, Мур рече дека бил како во филмот „Шесто сетило“ – „цело време мртов“.

– Бев омажена со Брус додека ги снимаше првите три дела од „Умри машки“. Затоа следните два му беа за никаде, рекла Мур. „А пак, кога нашата ќерка која се уште беше бебе, ноќе требаше да се преслече, тој ќе ми шепнеше – ‘ќе ти дадам илјада долари ако ја смениш пеленава’“, продолжи актерката.


Мур не издржала да не го вклучи и продуцентот Харви Вајнстин, обвинет дека принудувал актерки на секс за да им даде улога во неговите филмови, во приказната.

– Брус, како акциона ѕвезда, имаше мали шанси за улога во среднобуџетниот филм „Евтини приказни“, но една вечер отиде кај Харви, се врати дома и ми рече – „ја добив улогата“, рече Мур.

Публиката реагираше со громогласен аплауз, пренесуваат американските медиуми.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...