Латиноамериканската поп пејачка Деми Ловато е во стабилна состојба, контактибилна и опкружена со семејството, по хоспитализирањето завчера откако наводно се предозирала, соопшти нејзиниот портпарол.
– Деми е будна и е опкружена со семејството, кое сака да ви се заблагодари на сите за искажаната љубов, молитви и поддршка, изјави нејзиниот претставник. Тој притоа замоли да се почитува нејзината приватност и да се избегнуваат шпекулации.
Ловато, инаку, не ги крие своите склоности кон дрога и алкохол. За тоа говореше и во нејзиниот документарец од 2017 година.
Во новата песна под наслов „Sober” (Трезвена), таа, меѓу другото, вели: Мамо, жалам што не сум трезвена повеќе; простете ми за истурените пијачки на под.
ФОТО: Инстаграм