Загубите на некои од најбогатите луѓе во светот според агенцијата Блумберг се проценети на повеќе од 14 милијарди долари.
Поради пад на вредноста на акциите на азиските берзи предизвикани од трговската војна САД-Кина, богатството на најбогатиот човек во светот – озновачот на Амазон, Џеф Безос, се намали за 2,3 милијарди долари.
Загуби меѓу 1,3 и 1,8 милијарди американски долари претрпеа и основачот на Фејсбук, Марк Закерберг, основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, ко-основачите на Гугл, Лери Пејџ и Сергеј Брин, еден од основачите на Оракл, Лери Елисон и директорот на инвестициската компанија Беркшир Хатавеј, Ворен Бафет.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, повеќепати наметна царини за голем број стоки произведени во Кина додека кинескиот лидер Си Џинпинг одговори со реципрочни мерки.
ФОТО: EPA / ETIENNE LAURENT