„Делиите“ во Белград со огномети го гаѓаа знамето на Црна Гора

Навивачите по натпреварот дојдоа на популарната улица „Кнез Михајлова“ каде што се наоѓа и амбасадата на Црна Гора, па започнаа да протестираат поради носењето на Законот за слобода на вероисповедта.

413

Навивачите на кошаркарскиот клуб Црвена ѕвезда синоќа пред амбасадата на Црна Гора во Белград го палеа црногорското знаме. Откако илјадници „Делии“ ја отпеаја српската химна „Боже правде“ следуваше и обид за палење на црногорското знаме со огномет.

„Делиите“ по натпреварот меѓу Црвена ѕвзеда и Баерн во спортската хала „Арена“ се упатија кон црногорската амбасада каде ги дочека друга група. По протестот навивачите мирно си заминаа од пред Амбасадата на Црна Гора во центарот на Белград.

Навивачите по натпреварот дојдоа на популарната улица „Кнез Михајлова“ каде што се наоѓа и амбасадата на Црна Гора, па започнаа да протестираат поради носењето на Законот за слобода на вероисповедта.

„Делиите“ ги повикаа и другите навивачки групи да им се придружат на нов протест закажан за 17 јануари, што дел од нив веќе го најавија.

На протестот имало полицијаци во цивилки, но не и униформирана полиција, јавија српските медиуми.

Навивачите пред амбасадата, која се наоѓа на повисоките катови од зградата, истрелале пиротехника, погодувајќи повеќепати со ракети за огномет во знемето на Црна Гора.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...