Дедото на Јелена Ѓоковиќ киднапиран: Барале 2 милиони евра за откуп

713

Дедото на директорката на фондацијата „Новак Ѓоковиќ“, Јелена Ѓоковиќ е пронајден врзан во поле полно со пченки во Љиг, западниот дел на Шумадија, во Србија, објавуваат медиумите на таа земја.

Милосав Радисављевиќ во полицијата раскажал дека двајца маскирани мажи во тек на ноќта упаднале кај него дома и му барале пари. Според неговите зборови, тој не сакал да им даде пари, после што го врзале и го оставиле во пченките

Милослав Радисављевиќ го пронашле електричари недалеку од неговата семејна куќа.

Претседателот на општината потврдил дека дедото на сопругата на Новак Ѓоковиќ бил пронајден врзан во поле полно со пченки и дека станува збор за обид за киднапирање.

Медиумите контактирале и со неговата ќерка, Вера Матиќ, бабата на Новак, која е во Монте Карло и која потврддила дека на нејзиниот брат и стигнале пораки во кои се бара два милиони евра за откуп.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...