Традиционалната Дедомразовска трка се одржа денеска во Скопје, на која учествуваа стотина учесници во костуми на Дедо Мраз трчаа.
Тие трчаа во центарот на главниот град, на патека во должина од два километри.
Трката почна и заврши на плоштадот „Македонија“, а се трчаше кон порта „Македонија“, парк „Жена – борец“, „Холидеј Ин“, мостот кај МНР, покрај Вардар кон Камениот мост и преку преку мостот до целта.
Настанот го организира здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“, со поддршка на „Coca-Cola“ и градот Скопје.