Девојче пронајде меч стар 1.500 години во езеро во Шведска

133

Осумгодишно девојче пронајде меч стар 1.500 години во шведското езеро Видостерн.

Сага Ванесек му помагала на својот татко додека бил во чамец на езерото, при што нагазила на 85 сантиметри долг меч во футрола, изработена од дрво и кожа.

Микаел Нордстром од локалниот музеј во Јеншепинг изјави дека оваа откритие поттикнало и други луѓе да бараат богатства на езерото, чие ниво е значително намалено поради сушата.

Во овие потраги меѓу другото е пронајден и еден брош од четвртиот век пред нашата ера.

Нордстром наведе дека археолозите се уште ја истражуваат причината како овие предмети се нашле во езерото, а една од претпоставките е дека тоа било место на жртвување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...