Девојче на возраст од 3,5 години прва жртва на грипот во БиХ

116
20150730 Thursday 1017 brza pomos itna pomos bolnica doktori doktor klinika

Девојче на возраст од 3,5 години е првата жртва на грипот во Босна и Херцеговина, јавија локални медиуми.

Директорката на Здравствениот дом во Зеница, Селведина Сарајиќ Спахиќ потврди за „Дневни аваз“ дека девојчето починало по компликации предизвикани од грип. Тоа имало и тешка мусклулна дистрофија.

Девојчето живеело со самохрана мајка во селото Ораховац во близина на Зеница.

Во БиХ има зголемен број заболени од грип, но во државата не е прогласена епидемија.Главни причинители на сезонскиот грип оваа година во БиХ се вирусите тип А – H1N1 и H3N2.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...