Девојче го прифати морничавиот предизвик на интернет: Ѝ изгоре половина тело (ВИДЕО)

На тинејџерката Тимија Лендерс (12) и изгорело 49 отсто од телото откако го прифатила морничавиот предизвик кој се шири меѓу младите на интернет.

209

На тинејџерката Тимија Лендерс (12) ѝ изгорело 49 отсто од телото откако го прифатила морничавиот предизвик кој се шири меѓу младите на интернет.
„Огнениот предизвик“ ги повикува децата да се полеат со запалива течност, а потоа да се запалат.

Тимија Лендерс и нејзините две другарки го направиле тоа во петокот минатата недела во нејзината куќа во Детроит.

Нејзината мајка Бренди Овенс им направила палачинки и отишла да се одмори. Одеднаш се слушнала експлозија.

– Тимија трчаше по ходникот и беше во пламен од колената до косата – раскажала мајката.

Тимија била итно однесена во болница. Изгорениците биле толку тешки така што лекарите морале целата да ја стават во гипс.

„Огнениот предизвик“ е лансиран во 2012 година, каде јутјуберот 1BlazinEagle1 поставил видео во кое ги запалил влакната на своите гради. До 2014 година собрал повеќе од 100.000 прегледи и ги поттикнал другите да го имитираат.

ФОТО; Јутјуб

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...