Девојката која го преживеа масакрот во средното училиште, изврши самоубиство ФОТО

Нејзината мајка Кара за американските медиуми изјавила дека Сидни страдала и чувствувала вина.

1046

Сидни Ајело, девојка која го преживеала масакрот на Денот на вљубените во 2018 година во средното училиште Паркленд на Флорида, минатата недела си го одзела животот, пренесува „Си-eн-eн“.

Нејзината мајка Кара за американските медиуми изјавила дека Сидни страдала и чувствувала вина, после еден од најкрвавите напади во модерната американска историја кога на Флорида беа убиени 17 лица.

На девојката после нападот ѝ бил дијагностицирано и посттравматско нарушување. Таа за време на нападот била во близина на училиштето, открива нејзината мајка.

Сидни матурирала неколку месеци откако тогаш 19-годишниот Николас Круз уби 14 ученици и тројца професори.

ФОТО: Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...