Девет цивили убиени во воздушни напади на американските сили во Авганистан

32

 Девет цивили се убиени, а петмина други се ранети во воздушни напади на коалициските сили во западната авганистанска провинција Фарах, пренесоа руските медиуми, повикувајќи се на локалните власти.

Според претставници на локалната болница, тројца од ранетите цвивили се наоѓаат во многу тешка состојба и се префрлени во болница во соседната провинција.

Локални претставници на власта ја повикаа централната власт да го истражи инцидентот и да преземе сериозни мерки за спречување на слични инциденти.

САД и нивните сојузници во Авганистан од 2001 година преземаат акции против талибанците и другите групи. Оваа воена кампања е најдолгата во историјата на американските вооружени сили.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...