Мексиканската полиција пронајде девет тела во камион во јужната област Гереро. Се претпоставува дека убиените се дел од групата од 11 лица кои беа киднапирани во четвртокот, јави новинската агенција ДПА.
Спротиставени нарко банди честопати се пресметуваат меѓусебе во Гереро. Освен по шверцот со дрога, оваа област е позната и по одгледувањето афион, кој се користи за производство на хероин. Во текот на минатата година во Мексико биле забележани дури 29.000 убиства, што е највисока стапка на убиства во изминатите 20-ина години.