Девет мажи во Иран завршија на бесилка за силување жена

301

Поради силување на жена, денеска во Иран се обесени деветмина мажи.

Иранскиот весник „Арман дејли“ соопшти дека мажите упаднале во вилата на жртвата во јужната провинција Фарс и ја силувале.

Тие беа обесени откако Врховниот суд на Иран ја потврди пресудата изречена на почетокот од месецот.

Весникот наведува дека жената го повлекла обвинението, но властите сепак одлуќиле да ја спроведат казната.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...