Дописник на локален весник беше застрелан во јужниот дел на Мексико, јавија тамошните медиуми.
Тоа е деветтото убиство на новинар во земјата од почетокот на годината.
Марио Гомес (35), работел за весникот „Ералдо де Чиапас“. Тој е убиен кога излегувал од својот дом во населбата Јахалон, во јужната мексиканска држава Чиапас, од каде бил дописник на дневниот весник
-Гомес веќе осум години работи за „Ералдо де Чиапас“, следејќи ги јавните, политички и судски настани. Неодамна тој се пожалил дека добива закани – изјави анонимен извор од редакцијата на весникот.
Според невладината организација „Репортери без граници” Мексико е втората најопасна држава за извршување на новинарска дејност по Сирија.
Над 100 претставници на медиуми беа убиени во Мексико од 2000 година. Повеќето од тие злосторства без пресуди.