Деветмина повредени во Германија, дрво им паднало врз возилото

96

Најмалку девет лица се повредени во сообраќајни несреќи поврзани со невремето што ја зафати Германија.

Во Трипштат, близу границата со Франција, денеска е повреден возач и шест лица, од кои некои потешко, кога врз нивното возило паднало дрво.

Во Рошток, во северозападниот дел на земјата, две лица се повредени кога автомобилот во кој се наоѓале удрил во дрво на патот.

Несреќата се случила и во Дортмунд кога приградски воз со 67 патници удрил во дрво кое паднало на шини, но никој не е повреден.

По втор пат овој месец беше поплавен познатиот рибен пазар во Хамбург, додека во нордиските и балтичките региони поројните дождови и силниот ветер предизвикаа бројни проблеми како што се поплави, затворање на патишта и прекини на електричната енергија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...