Дебелеењето нуспојава на Мундијалот

Внесувањето на многу калории во комбинација со голем број натпревари во краток временски период на многу навивачи до финалето на 15 јули ќе им донесат дополнителни килограми.

90

Седењето пред телевизор, пиењето на зашеќерени напитоци и јадењето брза храна се стандарден начин за следење на Светското фудбалско првенство.

Фудбалските навивачи ширум светот речиси цел месец деновите ќе ги минуваат пред малите екрани, а за многумина од нив тоа ќе значи постојан внес на нездрави напитоци и храна.

Здравствените стручњаци заради тоа предупредуваат на можно дебелеење кај навивачите.

Внесувањето на многу калории во комбинација со голем број натпревари во краток временски период на многу навивачи до финалето на 15 јули ќе им донесат дополнителни килограми.

Стручњаците од Медицинскиот факултет во Виена ја наведуваат конзумацијата на зашеќерени напитоци како главна причина за дебелеењето.

Според нутрициониската од овој факултет, Марија Ваколбинигер, препорачливо е да се разредуваат овие напитоци со вода со цел да се намали внесот на шеќери.

– Има денови кога се играат и по три натпревари. За да се намали внесот на калории напитоците можат да се мешаат со минерална вода, потенцира нутрициониската.

Германското здружение на педијатри упати критики до германската фудбалска федерација и ја обвини за лицемерие поради спонзорските договори со „Мекдоналд“ и „Кока-кола“, особено откако беше најавено дека ќе ги промовира здравите навики за исхрана.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...