Неподносливите болки или конвулзии, проблемите кај пациентите со тешки оштетувања на ‘рбетот, ракот или склерозата – во Чешка се повеќе се третираат со канабис.
Но, патот до него е прилично тежок. „Во аптеките еден грам чешки канабис чини 180 круни (околу 7 евра)”, вели Хана Вагнер од локалното Здружение на пациенти. Според информациите на државниот институт за контрола на лековите, пациентот консумира во просек околу 10 грама месечно, што значи дека троши 1.800 круни месечно. Пациентите со тешки болки консумираат поголеми дози.
Наспроти високата цена, интересирањето за дрогата канабис расте. Бројот на лекари кои се пријавиле за посебни регистрации за пропишување на овие лекови двојно е зголемен во текот на минатата година. Годинава надлежност да пропишуваат канабис имаат 58 чешки лекари, а вкупно се регистрирани 20.000 амбулантно болни кои примаат вакви лекарства.
Еден од лекарите кој во својата практика пропишува канабис е анестезиологот од Плзен Штепан Бејваничицки, кој се занимава со лекување на акутна хронина болка. „Овластен сум од октомври, а многу наши пациенти не можеа да чекаат. Не земаа ниту еден лек или имаа големи несакани ефекти.”
За еден месец тој им препишал канабис на петнаесетина пациенти и тоа делувало мошне делотворно: повеќето од нив можат да се откажат од лековите кои содржат трамадол или опиоиди, а се оттарасуваат од долгите ноќни болки и подобро спијат – вели за овдешните медиуми лекарот Бјеваничицки.
Мошне добро искуство со употребата на канабисот има и Зденек Мајзлик, чија ќерка подолга низа години страда од мултиплес склероза. Канабисот, како што вели Мајзлик, и помага да ги ублажи грчевите на нозете и цревата. Тој вели дека му требаат посилни дози, околу 180 грама месечно, што би го запреле напредувањето на болеста.
Инаку, канабисот е скап во Чешка, според условите што на почетокот на неговата употреба во медицината ги постави Државниот завод за контрола на лековите. Заводот одбра еден производител на тендер кој може да произведе само 40 килограми канабис. Заводот потоа ќе распише нов тендер, а цената на чешкиот канабис е фиксирана за четири години. Поради овие ограничувања, чешкиот канабис е поскап од увозниот, а неволјата е во тоа што државата не дозволува увоз.
Во овдешниот Меѓународен институт за канабис ја критикуваат сегашната ситуација. Оттаму предупредуваат дека Канада или Холандија извезуваат канабис во големи количини и затоа се многу поевтини. Исто така, нема одговор и на прашањето зошто Чесите не го користи германскиот или полскиот пазар.
Чешка беше една од првите земји која одобри тертман со канабис. Државниот завод за лекови стои зад фактот дека цените на канабисот се оппределени со закон. Во Министерството за здравство, пак, велат дека проблемот со цената го решава посебна работна група која нови решенија треба да предложи во рок од неколку недели.