Двојникот на Ким позираше за „Селфи“ во Сингапур

354

Граѓаните на Сингапур денеска беа изненадени, откако го забележаа севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун како се шета по улиците на градот, се додека не сфатија дека мажот со црна коса, кој позираше за самоклик, односно „селфи“ фотографии во близина на познатиот хотел „Марина Беј Сендс“, е само неговиот двојник.

Мажот со австралиско-кинеско потекло, кој позираше претворајќи се дека е лидерот на Северна Кореја, се нарекува себеси Хауард Икс, но вели дека е во Сингапур за да посака успех на самитот на Ким и претседателот на САД, Доналд Трамп, кој е со цел да се стави крај на нуклеарната програма на Северна Кореја .

– Тие ќе станат најдобри пријатели веднаш по оваа средба – изјави Хауард Икс, откако Трамп навести дека продолжуваат подготовките за самитот на 12 јуни, иако претходно ја откажа средбата.

Хауард Икс се претставуваше како Ким и на Зимските олимписки игри во Јужна Кореја во февруари оваа година, кога ги збуни чирлидерките на Северна Кореја, кои мислеа дека лидерот на нивната земја присуствува на хокеј натпревар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...