Движењето за промена бара грчкото МНР да дознае од Заев кои се бизнисмените вмешани во обидот за поткуп

65

Грчкото МНР од Заев да дознае кои грчки бизнисмени се обиделе да подмитат и кого сакале да поткупат, бараат од Движењето за промена.

Портпаролот на партијата- коалиција на ПАСОК и Демократска левица, Павлос Христидис, во писмената изјава вели дека чекаат од грчката влада известување за случајот со руските дипломати, јави дописничката на МИА од Атина, .

– Министерството за надворешни работи треба да го направи она што е очигледно. Да стапи во контакт со господинот Заев за да дознае кои грчки бизнисмени се обиделе да подмитат и кого. Уште очекуваме известување за тоа што се случи со руските дипломати, вели портпаролот на Движењето за промена

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...