Премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Драган Тевдовски, денеска примија делегација на Движењето анти коцкање од Тетово.
Претставниците на Движењето доставиле барања според кои обложувалниците и казината треба да бидат дислоцирани од непосредната близина на училиштата и зградите за станбено домување, како и барања да се обезбеди начин со кој дел од приходите на објектите за игри на среќа би се намениле за поддршка на програмите на локалните заедници.
Заев и Тевдовски, пак, нагласиле дека Владата со внимание ги следи дебатите на оваа тема и дека надлежните институции темелно ќе ги анализираат аргументите на Движењето Анти коцкање, особено заради фактот што грижата што произлегува се однесува на децата и младите.