Две третини од потрошената струја е од домашно производство

Од вкупната потрошувачка на јаглен, 90,4 отсто се употребени за производство на електрична енергија.

126

Во Македонија во мај година вкупната потрошувачка на енергенти изнесувала: 499 980 МWh електрична енергија, 4.114 милиони нормални метри кубни природен гас, 230 337 тони јаглен и 79 726 тони нафтени продукти, објави Државниот завод за статистика.

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 66,2 отсто во бруто-домашната потрошувачка на струја. Од вкупната потрошувачка на јаглен, 90,4 отсто се употребени за производство на електрична енергија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...