Јапонија се подготвува за две нови бури кои се приближуваат до државата, само една недела откако тајфунот Хагибис ги опустоши централните и северните региони на земјата.
Метеоролошката агенција денеска соопшти дека тропска бура се наоѓа близу јужниот брег на главниот остров на Јапонија, Шикоку. Невремето се движи северо-источно, со налети на ветрот до 108 километри на час. Агенцијата соопшти дека во текот на бурата, до четврток вечер во централна Јапонија може да наврнат до 300 милиметри дожд.
Се очекува јужна Јапонија да биде погодена од уште една бура до крајот на неделава.
Според официјалните податоци, во тајфунот Хагибис загинаа најмалку 70 лица, а 12 се пријавени за исчезнати.