До 2050. година на светот ќе има повеќе од 9 милијрди луѓе, а тоа значи дека ќе се зголеми и побарувачката за месо, како и неговата цена. Проблем е што начинот на кој се консумира месото денеска не е одржлив. Производството на месо е една од главните причини за прекумерна емисија на јаглерод, премногу вода се користи за напојување на добиток, а дури на една третина од нивите се одгледува сточна храна.
Кои се алтернативите? Револуција во производството и потеклото на месото – ин витро месо, имитација на месо од растенија и одгледување инсекти. Некои истражувања предвидуваат дека нивото на емисии на стакленички гасови може значително да се намали ако го замениме месото што го јадеме со инсекти, а со тоа и би ослободиле милиони хектари земјиште.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.
Фото: Pixabey