Во Националната опера и балет вечер ќе биде изведена балетската претстава „Есмералда“ на Чезаре Пуњи, која е на репертоарот на НОБ и на 4 февруари.
-„Есмералда“ е меѓу бисерите на балетската уметност. Приказната за убавата Есмералда, инспирирана од романот „Ѕвонарот на Богородичната црква” од Виктор Иго, кај нас ќе јас пренесе Михаил Крапивин, реномираниот кореограф од Русија – велат од НОБ.
Во главните улоги на вечерашната изведба ќе настапат Марија Кичевска-Шокаровска и Васил Чичијашвили, а на 4 февруари – Мими Поп Алексова-Атанасовска и Бобан Ковачевски.
Учествуваат и Христина Наќевска, Ендру Кук од Англија, Мирослав Митрашиновиќ, Марија Јосифовска Ристовска, Илијана Данилов, Саша Евтимова, Игор Веланоски, Балаж Лашеи од Унгарија, Ервис Кочеку од Албанија, балетски солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.
Диригент е Бисера Чадловска, костимограф Љупка Ристовска, а сценографијата е на Живојин Трајановиќ.