Две жртви во напад врз џамија на Филипини

62

Две лица загинаа во бомбашки напад што денеска е извршен врз џамија во јужниот дел на Филипините.

Локалните власти соопштија дека жртвите биле лица кои спиеле во огромнен комплекс на една џамија во југозападниот дел на филипинскиот остров Минданао каде живее претежно муслиманско население.

Нападот се случува неколку дена после нападот врз црква на островот Џоло, во кој загинаа 21 лице, а неколку десетици беа повредени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...