Две жени се степале за позиција за селфи кај Фонтана ди Треви (ВИДЕО)

131

Две жени се степале пред светски познатата Фонтана ди Треви во Рим, затоа што и двете сакале да се фотографираат од исто место покрај фонтаната. Жените биле упорни да застанат на место од каде што под убав агол се гледала импресивната скулптура зад нив, за да направеле совршена фотографија.

Деветнаесетгодишна Холанѓанка и четириесет и четиригодишна Американска најпрво се туркале за место на кое би направиле селфи фотографија, но на крајот се завршило со тепачка.

Ситуацијата излегла од контрола и настанал општ хаос кога и двете жени одбиле да се трган од местото. Туристките почнале да се туркаат меѓу себе, а потоа се тепале со шлаканици и тупаници. Според полицијата, членови на семејствата на двете жени веднаш се вмешале во тепачката.

Полицискиот извештај покажал дека вкупно осум лица, меѓу кои три малолетни девојки, биле вмешани во тепачката. Повредените пријавиле само незначителни повреди и не побарале никаква медицинска помош. Сепак, биле покренати обвиненија против дел од учесниците во тепачката за насилство и закани.

Фотографии од инцидентот биле споделени на социјалните мрежи од страна на градската полиција во Рим, чии припадници морале да интервенираат при тепачката. Од полицијата инцидентот го опишале како „насилна расправија што настанала заради тривијални причини“.

Драмата се случи само неколку дена откако властите објавија планови туристите да поминуваат покрај Фонтана ди Треви на патека поставена на одредена оддалеченост, како мерка за решавање на пренатрупаноста покрај историското место.

ФОТО: Твитер/PoliziaRomaCapitale

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...