Црногорската полиција заплени два тона хашиш во рамки на меѓународна акција која самата ја иницирала, јавија локалните медиуми.
За шверц со дрога се осомничени 11 членови на организирана криминалн група, соопшти црногорското Министерство за внатрешни работи. Со помош на информација до која стигнала црногорската полиција, во меѓуанродна акција координирана од американската Агенција против дрога ДЕА бил спречен меѓународен шверц на хашиш.
Бродот кој ја превезувал дрогата, бил запрен во италијански територијални води. Уапсени се 11 црногорски државјани кои планирале дрогата од Мароко да ја пренесат во Либија под параван дека го истражуваат морското дно. По претрес на бродот биле откриение две илјади килограми материја за која се претпоставува дека е хашиш.