Два земјотреси со јачина од 4,4 и 4,2 степени го погодија денеска грчкиот остров Закинтос и ги вознемирија туристите и локалното население.
Епицентарот на првиот земјотрес бил во морето јужно од островот, на длабочина од 20 километри, додека епицентарот на вториот бил исто во морето западно од островот, на длабочина од 9,2 километри, пренесе новинската агенција „АНА“.
Грчкиот сајт „Катимерини“ потсети дека островот во октомври минатата година го стресе земјотрес со јачина од 6,4 степени што предизвика голема материјална штета.