Два брода горат во Керчинскиот Теснец ВИДЕО
loading...
Два брода, што пловат под знаме на Танзанија, горат во водите на Керчинскиот Теснец, откако на едниот од нив се случила експлозија – соопшти Прес-службата на руската Федерална агенција за поморска и речна пловидба.
Во соопштението се посочува дека експлозијата се случила на брод што превезувал гас, по што членови на екипажот на пловилото почнале да скокаат во вода, бегајќи пред огнот.
Спасувачките екипи од водите излекоа тело на еден загинат морнар и спасија тројца други, се додава во соопштението.
Засега нема информации за причините на експлозијата и како пожарот се проширил на двата брода.
Според агенцијата, на двата брода имало вкупно 31 член на екипажите.