Двајца Французи во Ирак се осудени на смрт поради поврзаност со ИД

137

Ирачкиот суд денеска осуди двајца Французи на смрт откако утврди дека се припадници на Исламска држава, изјави ирачки обвинител.

– Имаше доволно докази за смртната казна. Двајцата се борци на терористичката Исламска држав – изјави обвинителот за странските агенции, барајќи анонимност.

Во Ирак се водат постапки против илјадници лица осомничени дека припаѓаат на ИС, вклучувајќи и стотици странци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...