Двајца млади Срби се повредени синоќа во северна Митровица, откако во населбата „Бошњачко мало“ биле нападнати од група Албанци, објави денеска косовскиот портал на српски јазик Коссев.
Инцидентот, како што јави дописникот на МИА од Приштина, се случил синоќа околу 20.30 часот во улицата „Немањина“.
Претходно, според митровичкиот портал, вербално била нападната сестрата на едниот од повредените Срби.
Драгослав Костиќ, татко на едното од момчињата, изјавил дека 30 Албанци го нападнале син му и неговиот пријател.
На повредените им е пружена лекарска помош во Клиничкиот центар во Митровица, каде што биле хоспитализирани.
Од косовската полиција се уште нема официјална информација за настанот.