Дванаесет држави од Јужна Америка денеска и утре се собираат во еквадорскиот главен град Кито за разгледување решенија за венецуелската бегалска криза.
Средбата е по иницијатива на Еквадор. Во неа учествуваат Аргентина, Боливија, Бразил, Колумбија, Костарика, Мексико, Чиле. Панама. Парагвај, Перу и Уругвај.
Венецуела беше поканета, но досега не го потврди своето учество. Околу 2,3 милиони жители на Венецуела, односно 7,5 отсто од населението на државата, живеат зад граница заради економската и политичка криза во татковината.
Од миграцијата најмногу се погодени Колумбија, Перу и Еквадор. Во Бразил имаше пројави на насилства врз бегалски кампови на Венецуелци. Се очекува на средбата да се покрене прашањето за систем на квоти за распределба на мигрантите.