„Да танцуваме!“, симфониски концерт на Македонската филхармонија

100

„Да танцуваме!“ е насловот на претстојниот симфониски концерт на Македонската филхармонија кој ќе се одржи во ќетврток во 20 часот.

Под палката на маестро Габриел Бебешелеа од Романија, оркестарот ќе ги изведе прекрасните дела: „Словенски танци“ оп. 46 од Антонин Дворжак, како и „Симфониски танци“ оп. 45 од Сергеј Рахмањинов.

Дворжак најголемата популарност ја стекнал токму со своите прочуени серии од осум „Словенски танци“ кои најпрвин ги напишал како сет за пијано дуо, на барање на германскиот музички издавач Фриц Симрок, идеја која всушност ја иницирал Брамс како еден од најголемите поддржувачи на чешкиот композитор. „Симфониски танци“ на еден од најголемите руски композитори Сергеј Рахмањинов, опишани како длабоко емоционални и сентиментални, се сметаат за едно од најубавите оркестарски дела.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...