Дајте им на децата да јадат овошје, а да пијат вода!

Ако детето јаде препорачана дневна количина овошје, сок не му е потребен затоа што целите плодови овошје се добар извор на влакна, за разлика од соковите, а иста количина овошје има и помалку калории од сооветната количина сок.

715

Овошјето, освен што е вкусно и хранливо, го подобрува и апетитот. Сокот и овошјето се богати со витамини и минерали. Но целите плодови овошје нудат некои предности, затоа што се добар извор на влакна, за разлика од соковите.

Иста количина овошје има помалку калории од сооветната количина сок.

Затоа, кога станува збор за деца, секогаш треба да се проба со цело овошје, а за пиење нека се користи обична вода.

Ако детето јаде препорачана дневна количина овошје, сок не му е потребен. Препорачаната количина овошје за еден ден изнесува две до три порции, а една порција сочинуваат портокал, банана, јаболко, пола шолја сечкано овошје.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...