Овошјето, освен што е вкусно и хранливо, го подобрува и апетитот. Сокот и овошјето се богати со витамини и минерали. Но целите плодови овошје нудат некои предности, затоа што се добар извор на влакна, за разлика од соковите.
Иста количина овошје има помалку калории од сооветната количина сок.
Затоа, кога станува збор за деца, секогаш треба да се проба со цело овошје, а за пиење нека се користи обична вода.
Ако детето јаде препорачана дневна количина овошје, сок не му е потребен. Препорачаната количина овошје за еден ден изнесува две до три порции, а една порција сочинуваат портокал, банана, јаболко, пола шолја сечкано овошје.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.
Фото: Pixabey