Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека планира за нов постојан претставник на САД во ОН да ја предложи неговата поранешна советничка Дајна Пауел.
Трамп при тоа ги отфрли шпекучацииите дака за таа функција ја планира неговата ќерка Иванка Трамп, иако, како што рече, знае дека таа би била „невројатна во таа улога“, но во таков случај би бил обвинет за непотизам.
Pres. Trump: "I think Ivanka would be incredible [as U.N. ambassador]…but I would be accused of nepotism, even though I'm not sure there's anybody more competent in the world." pic.twitter.com/gUqwS7O7LZ
— CBS Evening News (@CBSEveningNews) October 9, 2018
Пауел беше заменик советник за национална безбедност на Трамп во првата година од неговиот претседателски мандат. Претходно таа била вработена во банката „Голдман Сакс“, каде се врати и по напуштањето на Белата куќа. а беше и висок функционер во Стејт департментот во време на поранешниот американски претседател Џорџ Буш Помладиот.
Доколку Трамп ја предложи Пауел за местото американски амбасадор во ОН, таа ќе ја наследи Ники Хејли, кој вчера поднесе оставка на функцијата, но според најавите ќе остане на должноста до крајот на годината.
Објавувајќи ја оставката, 46-годишната Хејли изјави дека сака да се одмори малку и оти во овој момент нема планови за иден ангажман. Таа ги демантираше гласините дека планира да се кандидира за претседател на САД на изборите во 2020 година.
Трамп ја прифати оставката на Хејли и ја пофали нејзината работа, велејќи дека функцијата ја извршувала „извонредно“. Тој рече дека таа е „многу посебна“ личност која ги „разбира работите“ и оти заедно решиле многу проблеми. Американскиот претседател порача дека Хејли може да се врати во Администрацијата во друга улога и оти „може да избира“ што сака да работи.
Хејли, која е поранешна гувернерка на Јужна Каролина, беше именувана за амбасадорка во Светската организација набрзо по инаугурацијата на Трамп, во ноември 2016 година.