Дајмлер ќе укине 15.000 работни места

Производителот на луксузни автомобили, во чија сопственост е Мерцедес-Бенц, првично планираше да укине 10.000 работни места.

124

Германскиот автомобилски гигант Дајмлер се подготвува да укине 15.000 работни места, многу повеќе од првично планираното, за да ги намали трошоците и да ја надмине кризата во автомобилската индустрија, пишува германскиот весник Ханделсблат.

Претседателот на управата Ола Каелениус утре треба да го соопшти укинувањето на работните места, паралелно со објавувањето на деловните резултати, пишува весникот, повикувајќи се на извори од компанијата.

„Компанијата ќе се обиде да го намали бројот на вработените нудејќи им отпремнина, предвремени или делумни пензии. Тие имаат за цел да ги намалат трошоците за повеќе од 1,4 милијарди евра, со оглед на тешката состојба во германскиот автомобилски сектор“, додава весникот.

Производителот на луксузни автомобили, во чија сопственост е Мерцедес-Бенц, првично планираше да укине 10.000 работни места.

Од компанијата засега нема коментар на пишувата на весникот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...