Дачиќ ќе се откаже од министерската фотелја, ако Косово влезе во Интерпол

Со потсетување дека веќе 15 земји го повлекле признавањето на косовската независност, Дачиќ тврди дека наскоро ќе има нови повлекувања и оти од 116 земји кои го признале Косово ќе останат помалку од 96, јави Танјуг.

216

На седницата на Интерпол во октомври, Косово сигурно нема да биде примено во таа меѓународна организација, тврди српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, додавајќи дека ако сепак тоа се случи, тој ќе поднесе оставка.

Со потсетување дека веќе 15 земји го повлекле признавањето на косовската независност, Дачиќ тврди дека наскоро ќе има нови повлекувања и оти од 116 земји кои го признале Косово ќе останат помалку од 96, јави Танјуг.

– Тоа не е моја индивидуална, лична акција. Тоа го договорив со претседателот на државата Александар Вучиќ, а зад тоа стои Владата на Србија. Тоа е многу значајно за позиционирање на нашата држава бидејќи не би инсистирале толку да се запре со акцијата на повлекување признавање доколку тоа немаше ефект – оцени Дачиќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...