Дачиќ: Цело раководство на Косово е во Интерпол, на потерница

193
ФОТО: EPA/ANDREJ CUKIC
ФОТО: EPA/ANDREJ CUKIC

Откако беше објавено дека уште една држава го повлекла признавањето на Косово, шефот на српската дипломатија изјави дека „целото раководство на Приштина е на потерници на Интерпол“.

Говорејќи за можноста Косово да стане член на таа меѓународна организација, Ивица Дачиќ рече дека не сака да биде оптимист во врска со тоа.

– Ако сакате да бидам циничен, речиси цело раководство на Косово е веќе на Интерпол- на потерници – рече Дачиќ.

Тој повтори дека Приштина не сака во таа меѓународна организација со цел да се бори против криминалот, туку да покаже дека Косово е независно. Тој додаде дека Западот можеби на Косово му ветил  за Интерпол но дека треба да се почека гласањето.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...