Во овој момент САД и Русија апсолутно го поддржуваат дијалогот меѓу Белград и Приштина, што се води со посредство на Брисел и се подготвени да го прифатат тоа што ќе биде договорено, изјави српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ.
Во изјава за српската државна телевизија РТС, Дачиќ истакна дека по неодманешните разговори со американските официјални претставниви во Вашингтон, добил воечаток дека актуелната Администрација на претседателот на САД, Доналд Трамп ги разбира интересите на Србија.
– Сите изминати децении надворешната политика на САД се базираше на принципот на автопилоит и не се менуваше. Првпат со доаѓањето на Трамп, а посебно со именувањето на Вес Мичел како одговорен за нашиот регион, нивниот пристап е дека сакаат да сослушаат и да имаат, како што велат, креативен пристап, што не е заснован на автопилот, туку пристап кој подразбира да се дојде до компромисни решенија, што и значително го отвора патот кон дијалог. Тоа е јасна порака и за Приштина, истакна Дачиќ.
Осврнувајќи се на некои иницијативи од Приштина за промена на форматот на дијалогот што се води во Брисел, Дачиќ оцени дека тие се резултат на тоа што во сегашната фаза од разговорите „се трага по решение, по компромис“, а косовската страна не е подготвена за компомиси, туку „и натаму зборува за војни и очекува дека со вклучување на други фактори би се засилила нејзината позиција“ во преговорите.
ФОТО: EPA-ANDREJ-CUKIC