Дачиќ: Решавање на косовското прашање само преку компромис

Во интерес на Србија, не е поништувањето на Бриселскиот договор, туку неговото спроведување, изјави министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ.

168
ФОТО: EPA/ANDREJ CUKIC
ФОТО: EPA/ANDREJ CUKIC

Во интерес на Србија, не е поништувањето на Бриселскиот договор, туку неговото спроведување, изјави министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ за Танјуг.

Тој истакна дека решението за косовското прашање може да се постигне само со компромис, а убедувањето дека Србија може со сила да се присили да го признае Косово, решението за тој проблем го прави се подалечно.

Запрашен зошто во изминатите неколку месеци бил ултамитивен во изјавите за косовското прашање, како што е изавата да се повлече потписот од Бриселскиот договор, Дачиќ за Танјуг одговори дека во меѓународното право не постои пример да се почитува само еден дел од потпишаниот договор, како што е тоа случајот со Бриселскиот договор.

– Затоа и изјавив- или се важи или ништо не важи. И јас останувам на тоа, нагласува Дачиќ.

Тој додаде дека не е сигурен до каде е дојдено на патот на решавањето на тоа прашање.

– Мислам дека не се сигурни ниту оние кои ги водат овие преговори, но сепак, важно е да се разговара, рече Дачиќ.

Целта на Србија бројот на земји кои го признаа Косово да се намали „под 100″, министерот Дачиќ го објасни како фигуративна бројка, објаснувајќи дека целта на српската дипломатска офанзива не е да се постигне одреден број туку, како што изјави, да се покаже дека процесот на независноста на Косово не е заврши и дека може да оди и во друга насока.

Запрашан дали Србија има дипломатски капацитет да се избори во процесот на нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина кои се одвиваат во сè потешки околности, Дачиќ одговори дека министерството што го води, обезбедува логистичка поддршка за претседателот Вучиќ и додаде дека за прв пат во историјата на Србија се води организирана дипломатска борба.

– Многу работи не ги работам јавно, поради големиот притисок на странските земји. Кога една голема сила врачува протест на секоја земја која ќе го повлече признавањето на Косово, се прашувате какви сме ние стратешки партнери и пријатели, ако тоа ни го прават. Тешки борби се водат, но не може да водите битка ако не сте решени да ја добиете, рече Дачиќ.

Шефот на српската дипломатија заклучи дека причини за борбата се уште постојат, дека Србија влегла во статусно неутрални разговори во Брисел и дека добронамерноста и конструктивноста на Белград во преговорите со Приштина се погрешно протолкувани ако се смета дека решението за проблемот е во признавањето на независноста на Косово.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...