Дачиќ: Одамна предлагав поделба, Приштина одби

710
Photo: EPA / ANDREJ CUKIC

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави денеска дека претходно предложил поделба како можно решение за косовското прашање, но додаде дека за сето ова треба сериозно да се дискутира во формат што може да донесе одлука за тоа.

Дачиќ го изјави тоа на прашање на новинар во Москва да ја коментира вчерашната изјава на поранешниот началник на ЦИА, Стивен Маер, кој го гледа решението за Косово во поделба на територијата и дека границата треба да биде на Ибар.

– Го предложив тоа многу одамна, сите беа мои предлози. За тоа треба сериозно и компетентно да се дискутира. Во формат што може да го реши ова. Бидејќи во моментот нема дијалог, мислам дека е беспредметно да се презентираат идеи за компромис сега кога другата страна ја нема.  Слушнавте дека тие не прифаќаат никакви предлози и дека освен ако не го признаеме… војна ќе избувне. Верувам дека во такви услови навистина нема начин да се преговара, рече Дачиќ за време на официјалната посета на Москва, пренесе Танјуг.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...