Дачиќ: Ни Шерлок Холмс не би можел да утврди колку земји го признале Косово

366

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави дека ни Шерлок Холмс не би можел да утврди колку земји го признале Косово, и истакна дека треба да се заборави списокот од 116 земји на Приштина.

По разговорот со претседателот на Република Палау, Томас Ременгесау, Дачиќ кажа дека „Србија им се обратила а земјите за кои може јасно да се утврди кој е нивниот  став за Косово“.

„Целта е тоа да биде поттик за компромис, односно дијалог… ова е помош дијалогот (на Белград и Приштина) да заврши со компромис“, истакна Дачиќ на конференција за новинарите.

Тој кажа дека е „можно 101 земја да ја признаваат независноста на Косово“. Шефот на српската дипломатија повтори дека очекува да бидат укинати царините кои Приштина ги воведе на стоката од Србија поради кои, како што кажа, е изгубено и време потребно да се дојде до компромис.

Тој истакна дека Екваторијална Гвинеја, која претседава со Советот за безбедност на ОН следниот месец, постапила херојски кога го ставила Косово на дневниот ред на седницата за февруари.

Тој потег, според Дачиќ, наишол на противење на некои земји, но додаде дека не е пракса она што претседавачот со Советот за безбедност ќе го стави на дневен ред да се оспорува.

„Има доволно причини таа точка да биде на дневниот ред“, кажа Дачиќ.

Република Палау со нота до Србија најави дека ќе ја преиспита својата одлука за признавање на независноста на Косово.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...