Дачиќ: Косовската делегација седи по ходниците и ќошињата во ОН

Како што објасни Дачиќ, косовската делегација аплицирала преку Одделот на ОН за мировни операции и на тој начин добила пропусници.

217
ФОТО: EPA/ANDREJ CUKIC
ФОТО: EPA/ANDREJ CUKIC

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ во Њујорк изјави дека најмногу е заинтересиран во рамките на седницата на Генералното собрание на ОН да разговара со „земјите кои ја признаа еднострано прогласената независност на Косово“ за повторно да ја преиспитаат нивната одлука.

Како што јави дописникот на МИА од Белгрда, коментирајќи го присуството на косовската делегација во зградата на ОН, Дачиќ дека „тие не се таму, тие се по ќошиња, на коклици, бидејќи тие не се членки на ОН и немаат исти пропусници како и членките на ОН”.

Како што објасни Дачиќ, косовската делегација аплицирала преку Одделот на ОН за мировни операции и на тој начин добила пропусници, со кои, сепак, нејзините членови не можат да влезат во салата за состаноци.

– Тие го прават тоа секоја година, тоа е злоупотреба на тој статус, но евтино е тоа. Мислам дека сите прочитаа за што се работи тука, дека имаат предвид оти направија страшна грешка кога го признаа Косово и дека многу од нив денес се каат за ова и размислуваат за повлекување на признавањето, изјави Дачиќ.

Пред оваа изјава на Дачиќ, српската премиерка Ана Брнабиќ и косовскиот министер за надворешни работи Беџет Пацоли на кусо се сретнаа во зградата на Обединетите нации во Њујорк, кога претседателката на српската Влада го прашала шефот на косовската дипломатија кој му дозволил да престојува во ОН.

ФОТО: EPA-ANDREJ-CUKIC

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...